Утрински Весник
Македонија

Викендов затворен за сообраќај патот кон Пониква, а од понеделник времен режим на патот Маврови Анови – Жировница

Викендов затворен за сообраќај патот кон Пониква, а од понеделник времен режим на патот Маврови Анови – Жировница

АМСМ известува дека на викендов поради одржување на меѓународниот натпревар во автомобилизам од календарот на ФИА-ЦЕЗ на ридски патеки, сообраќајот на патниот правец од Кочани, поточно с. Бејли према Пониква, ќе биде затворен за сообраќај во периодот од:

dobivaj vesti na viber

03.09.2022 Сабота – 10:00 часот затворање на патниот правец од страна на полиција, 12:00 часот одржување на тренинзите до нивно завршување.

04.09.2022 Недела – 10:00 часот затворање на патниот правец од страна на полиција, 12:00 часот одржување на натпреварот се до негово завршување.

Исто така, во понеделник 05.09.2022, вторник 06.09.2022 и среда 07.09.2022 година, Пелагонија АД Гостивар како изведувач на работите ќе воспостави времен режим на комплетно затворен сообраќај во периодот од 10:00 до 16:00 часот на патен правец Маврови Анови – Жировница (Р1202) поради испитување на мостовските конструкции на патот „Рехабилитација на регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница“ согласно Одобрението за времена измена на режимот на сообраќај.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните