Утрински Весник
Спорт

Без победник во српското дерби

Без победник во српското дерби

Партизан и Црвена звезда одиграа без победник (1:1) во 168. вечно дерби на српскиот фудбал. Црвена звезда ја задржа предноста на табелата од седум бода во однос на Партизан.

dobivaj vesti na viber

Дербито мина во теренска иницијатива на Црвена звезда, која актуелниот шампион не успеа да ја материјализира.

Во 27. минута дебитантот во овие натпревари, Осман Букари постигна брилијантен гол. Волејот на интернационалецот од Мали удри во стативата, а потоа заврши во голот.



Партизан израмни од дискутабилен пенал, главниот судија долго време ја гледаше снимкатаод дуелот помеѓу Катаи и Живковиќ, на крајот покажа на белата точка.

Натхо во 56.минута го израмни резултатот.

До крајот на натпреварот и двата тима имаа свои моменти, меѓутоа резултатот остана 1:1.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет