Утрински Весник
Спорт

Мароко има нов селектор

Мароко има нов селектор

Фудбалскиот сојуз на Мароко соопшти дека нов селектор на нивната репрезентација е 46-годишниот Валид Реграги. Реагти доаѓа на местото на Вахид Халилхоџиќ.

dobivaj vesti na viber

Халилхоџиќ кој избори пласман на Мундијалот со Мароко, под притисок на јавноста доби отказ пред три недели.

Реграги играше во Франција и Шпанија пред да стане помошник тренер во мароканската репрезентација во 2012 година. Потоа ги водеше Рабат, Ал Духаил и Вајдад, со кои годинава ја освоија африканската Лига на шампиони, со Рабат бил шампион на Мароко.

Мароко на Мундијалот ќе игра во група со Хрватска, Белгија и Канада.

Можете да прочитате

Истанбул ќе биде домаќин на дербито Турција – Македонија

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид