Утрински Весник
Свет

Во Белгија размислуваат да ги исклучат светлата во градовите

Во Белгија размислуваат да ги исклучат светлата во градовите

Белгија денеска објави серија мерки за ублажување на поскапувањето на енергијата, вклучително и намалување на потрошувачката на енергија во зградите и предлог за оданочување на вишокот профит на енергетските компании.

dobivaj vesti na viber

Белгискиот премиер Александар Де Кро најави дека греењето во јавните згради ќе биде ограничено на 19 степени Целзиусови, а ќе биде ограничено и ладењето со клима уреди.

Осветлувањето на канцелариите и спомениците ќе биде исклучено во 19 часот, а ќе се разговара и за исклучување на светилките на автопатите и во градовите во одредени часови.

„Ако секој граѓанин штеди енергија секогаш кога е можно, ќе заштеди и свои пари, но во исто време ќе паднат и цените“ – вели Де Кро.

Федералната влада одлучи да го примени намалениот ДДВ од 6 отсто на гасот и електричната енергија и воведува посебна енергетска стапка за сиромашните до крајот на првиот квартал од 2023 година. На крајот на септември белгиската влада ќе претстави предлог да се оданочува вишокот профит за енергетските компании.

Белгија веќе заработува 800 милиони евра од данокот на нуклеарната енергија и сега сака да го прошири таквиот данок и на другите компании од енергетскиот сектор.

Руската инвазија на Украина во февруари ја принуди Белгија, земја со 11 милиони жители, да ја преиспита својата енергетска стратегија.

Можете да прочитате

Мал авион се урна на аеродромот во Лондон Саутенд, бројот на патници е непознат

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина