Утрински Весник
Македонија

Мицкоски оствари средба со Рот

Мицкоски оствари средба со Рот
Dik 300x250 mk

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски, како и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски, оствари средба со претседателот на Комисијата за надворешни работи на Германскиот Бундестаг Михаил Рот.

dobivaj vesti na viber

На средбата од страна на претседателот Мицкоски беше истакната благодарност за помошта која до сега сме ја имале од Германија, како на патот кон евроатлантските организации, така и економски.

Претседателот истакна дека моментално владата која ја води Македонија нема кредибилитет да управува со државата, и дека дополнително сите чекори кои што ги влече, ја водат државата во економска неизвесност и катастрофа.

Беше предочено дека владата воопшто нема капацитет да се справи со кризата која ја имаме, а во голема мерка е резултат на домашно генерирана неработа и криминал, но и дека очекувањата на граѓаните и стопанството од власта се песимистички.

Претседателот Мицкоски истакна дека народот бара надеж, и дека се потребни избори, и промена на власта. Дополнително беше истакната и заложбата на партијата за членство во ЕУ.

Можете да прочитате

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

Над 130 лица се лишени од слобода во октомври поради поседување на наркотични средства, запленета поголема количина дрога

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади