Утрински Весник
Свет

Борел: ЕУ го откажува договорот за визно олеснување со Русија

Борел: ЕУ го откажува договорот за визно олеснување со Русија

Министрите за надворешни работи на Европската унија се согласија целосно да го суспендираат договорот за визно олеснување со Русија, што ќе го отежне влезот на руските граѓани во ЕУ, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

dobivaj vesti na viber

„Се договоривме за целосно суспендирање на договорот за визно олеснување меѓу Европската унија и Русија“, рече Борел на прес-конференција на крајот од дводневниот состанок на министрите за надворешни работи во Прага, пренесе Ројтерс.

Како што рече шефицата на европската дипломатија, со тоа значително ќе се намали бројот на нови визи што ги издаваат земјите-членки на ЕУ, а ќе биде потешко и подолго да се добијат.

Можете да прочитате

Иранските напади врз американски бази предизвикаа штета од 800 милиони долари

Во Германија масовно се краде дизел гориво

Преговори меѓу Украина и САД без Русија во Мајами