Утрински Весник
Свет

Германија двојно го зголемила извозот на оружје

Германија двојно го зголемила извозот на оружје

Германскиот извоз на воена опрема силно порасна оваа година, поттикнат од испораките на оружје за Украина, објави Министерството за економија.

dobivaj vesti na viber

„ Во шест месеци до 24 август, вредноста на одобрениот извоз на воена опрема изнесува нешто помалку од 5,1 милијарди евра. Во истиот период лани таа изнесуваше околу 2,9 милијарди евра“ соопшти Министерството.

Извозот силно порасна бидејќи Берлин ѝ доставува оружје на Украина за да помогне во одбраната од руските напади, објаснуваат од германското министерство.

Канцеларот Олаф Шолц во понеделникот вети дека Германија ќе продолжи да ѝ помага на Украина „се додека е потребно“.

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела