Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту еден преставник на Владата не крена телефон да помогне во справување со невремето

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту еден преставник на Владата не крена телефон да помогне во справување со невремето

Државата нема влада, до овој момент ниту еден преставник на владата не кренал телефон да помогне во справување со невремето, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ им ги чистат приодите до државните објекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Досега ниту еден преставник на владата, ниту еден министер, ниту државен секретар или раководител се нема јавено на било кој скопски градоначалник да помогне во справување со последиците од невремето. Никој нема кренато телефон, не пак да помогне. Владата не постои. Народот и општините се препуштени сами на себе. Советниците на СДС во општините немаат никакво учество и прават опструкции во процесот на расчистување со последиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што додаваат,градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги чистат приодите и до државните објекти кои ги контролира владата, како што се министерствата, владата и касарната во Аеродром.

Дополнително ВМРО-ДПМНЕ го повикува обвинителството да испита зошто не работи градобијната одбрана за што се потрошени илјадници евра народни пари. Исто така да се отвори истрага за надзорот и начинот на кој е дадена употребна дозвола на објектот на Ист Гејт кој се поплави како и зградите наполитанки кои се направија изминатите 5 години, а кои прокиснаа.

Можете да прочитате

Синот на Субрата Рој уште е на избирачкиот список

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Тошковски во посета на СВР Охрид и ОВР Струга: Забележителни резултати во справување со насилниот криминал и подобрување на сообраќајната безбедност, активно работиме и на „One Stop” системот со Албанија