Утрински Весник
Свет

Путин изрази сочувство за смртта на Горбачов

Путин изрази сочувство за смртта на Горбачов

Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство за смртта на поранешниот советски претседател Михаил Горбачов.

dobivaj vesti na viber

Tој истакна дека се работи за политичар кој имал огромно влијание врз текот на светската историја.

Путин укажа и на хуманитарната, образовната и добротворната работа на Горбачов.

Михаил Горбачов, последниот претседател на Советскиот Сојуз, почина синоќа на 92-годишна возраст, по долго и тешко боледување. По веста за неговата смрт се огласија бројни познати политичари, актуелни но и оние кои имале можност да соработуваат со Горбачов кога тој беше на чело на СССР.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците