Утрински Весник
Економија
Img 7972

„Скај Њуз“: Зајакнување на еврото во однос на доларот на светскиот пазар

„Скај Њуз“: Зајакнување на еврото во однос на доларот на светскиот пазар
300x250 opst2

Вредноста на доларот на девизниот пазар делумно се намали од највисокото ниво што го достигна во последните 20 години, пренесува „Sky News“.

dobivaj vesti na viber

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 108,70 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 108,85 поени, пишува медиумот.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се движи околу 138,60 јени, колку што беше во овој момент вчера. Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0032 долари, додека вчера беше 0,9997 долари, стои во анализата.

Зајакнувањето на еврото е последица на очекувањата дека Европската централна банка ќе ги зголеми каматните стапки во септември, повеќе од очекуваното, за 0,75 процентни поени, пренесуваат медиумите во регионот.

Појаснуваат дека цените на нафтата благо пораснаа, откако вчера потонаа за повеќе од пет долари, бидејќи трговците со акции стравуваат дека забавувањето на економскиот раст ќе предизвика послаба побарувачка за „црното злато“.

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 48 центи на 99,79 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 65 центи на 92,28 долари.

Можете да прочитате

Божиновска учествува на состанокот на министри за економија од Берлинскиот процес

ВИНОТО ДОНЕСЕ ДОБИВКА ОД 7,1 МИЛИОН ЕВРА: Една винарница е на врвот, а другите се далеку зад неа

М-Р МИХАЈЛО БОРОЗАНОВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ”: ПРОДУКТИВНОСТ, ДОБРА ИНФРАСТРУКТУРА И ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО – КЛУЧ ЗА ПРОСПЕРИТЕТ НА ДРЖАВАТА