Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Рејчел Вилијамс го тужи „Нетфликс“ за клевета

Рејчел Вилијамс го тужи „Нетфликс“ за клевета
Img 7972

Поранешна уредничка на фотографии на „Венити фер“ покрена тужба против „Нетфликс“ поради начинот на кој таа е прикажана во хит серијата Inventing Anna („Измислување на Ана“).

dobivaj vesti na viber

Рејчел Делоуч Вилијамс е меѓу вистинските луѓе кои беа пoртретирани во вистинитата животна драма за „лажната наследничка“ Ана Делви алијас Ана Сорокин.

Но, тужбата за клевета на Вилијамс вели дека серијата ја прикажува како „алчна, снобовска, нелојална, нечесна, кукавичка, манипулативна и опортунистичка личност“.

„Нетфликс“ не одговори на барањето за коментар.

Вилијамс и Сорокин станаа пријателки во 2016 година, но подоцна таа доби фактура од 62.000 долари за нивното екстравагантно патување од шест дена во Мароко.

Во 2019 година, Вилијамс сведочеше во суд за тоа како имала впечаток дека Сорокин ќе ги покрие сите нивни трошоци и рече дека претрпела стрес и анксиозност поради неочекуваниот долг.

Кога во февруари излезе серијата за измамите на Сорокин, Вики Бејкер од „Би-би-си“ напиша: „Верзијата на оваа серија за Рејчел не е поволна, таа е прикажана како површна и опседната со себе“.

Можете да прочитате

Пирето од компири ќе има подобар вкус ако додадете оваа состојка во него

Сергеј Четковиќ се збогува од својот пријател Панчо: „Од прв ден те гледав како брат – како да те знаев цел живот“

Пластичните шишиња ќе бидат потемни и пожолтеникави, но тоа не треба да ве плаши: ЕУ ги менува правилата за составот на пакувањето