Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Скопје под вода, а локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ никаде ја немаше

СДСМ: Скопје под вода, а локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ никаде ја немаше

Локалните самоуправи предводени од ВМРО-ДПМНЕ и директорите на јавните претпријатија потфрлија при невремето што вчера попладне го зафати Скопје и околината, обвинија од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Скопје беше поплавено, улици, булевари, подвозници под вода, паднати дрва и гранки, попречен и отежнат сообраќај, а локалната власт предоведена од ВМРО-ДПМНЕ никаде ја немаше. Над 10.000 домови се поплавени а ЈП водовод не презеде ништо. Очигледно ниту каналите, ниту шахтите не се проверени навреме и не се исчистени соодветно.

Кризен штаб треба да се формира навреме, да биде подготвен за различни ситуации пред невремето. Јавните претпријатија треба да ги исчисти и да ги проверат каналите, шахтите, атмосферската канализација. Невремето предизвика хаос во сообраќајот, а Центарот за управување и контрола на сообраќајот не ги информираше граѓаните што се случува на сообраќајниците.

ЈСП Скопје не ги информираше граѓаните за одложените линии, за можностите, ниту ги насочуваше. На терен беше само полицијата и институциите од централната власт а локалната власт никаде ги немаше. Со еден збор, целосно потфрлање на кадрите на Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се локална власт во Скопје“ порачаа од владејачката партија.

Можете да прочитате

Пуштена за сообраќај е скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила  

Обвинителството започна истрага за причините за настанување на пожарот во Визбегово

Ангажирани 60 војници за пожарот кај Ѓорче Петров грчките канадери упатени кај Дојран