Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Градските јавни претпријатија работат на расчистување на улиците по невремето

Градските јавни претпријатија работат на расчистување на улиците по невремето
300x250 opst2

Градските јавни претпријатија излегоа на терен со цел расчистување на улиците по невремето кое предизвика поплавувања во делови од градот.

dobivaj vesti na viber

Екипи на ЈП Водовод и канализација – Скопје соопштија дека ги расчистуваат сливниците и шахтите, со цел нормална функционалност на атмосферската канализација.

Со спроведување на овие активности, како што објавија, ќе се продолжи се додека не се овозможи нормална функционалност на атмосферската канализација во сите делови на градот.

И ЈП Комунална хигиена-Скопје објави дека спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови.

„По денешните обилни врнежи од дожд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведуваат активности за расчистување на јавните и сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. Активностите се одвиваат во координација со Градот Скопје и останатите јавни градски претпријатија. Претпријатието работи со максимален капацитет и ангажираност на сите расположливи работници на терен, како и употреба на целокупната механизација. Активностите се одвиваат во сите скопски општини, во тек е расчистување на булеварот Гоце Делчев, подвозникот на стоковната куќа „Мост“, подвозникот Павел Шатев, како и повторно поставување на садовите за одлагање на отпадот коишто беа изместени во текот на невремето. ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со активностите во текот на целата ноќ, во насока на целосно санирање на последиците од невремето на терен“, велат од Комунална.

Интервенираат и екипите на ЈП Улици и патишта. Денес 20тина крстосници се целосно искчучени или на трепкаво светло и во координација со полиција се регулира сообраќајот.


„Со ангажираност на сите работници и механизација се вршат активности на улиците во сите општини, се исправуваат латерни на семафорите, се санираат дефектите на сите семафори, се санираат оштетените заштитни столбови и екипи во координација со Градот и другите јавни претпријатија вршат активности за отстранување на паднати дрвја, како и за расчистување на шахтите и сливниците.

Екипите продолжуваат со потребните интервенции во текот на целата ноќ со цел да се санираат сите оштетувања на собраќајниците како последица од невремето“, информираа од Улици и патишта

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму