Утрински Весник
Свет

Компаниите во САД набавуваат сè повеќе роботи поради недостаток од работници

Компаниите во САД набавуваат сè повеќе роботи поради недостаток од работници

Компаниите во Северна Америка набавиле четвртина повеќе роботи во првата половина од годината отколку во истиот период лани, со цел да го ублажат проблемот со недостигот на работна сила и зголемените трошоци за платите, покажуваат резултатите од истражувањето на индустриската групација Асоцијација за напредна автоматизација (Association for Advancing Automation).

dobivaj vesti na viber

Компаниите нарачале рекордни 12.305 машини во вредност од 585 милиони долари во вториот квартал, според податоците собрани од индустриската групација А3.

Во извештајот, исто така се наведува дека во првата половина од годината, северноамериканскиот пазар на роботи ги забележа своите најдобри перформанси откако А3 објавува податоци.

„Компаниите мора да произведуваат, а тоа значи дека им треба нова автоматизирана линија“, објаснува претседателот на А3, Џеф Бурнштајн.

Поттик за набавка на роботи е моментално слабата понуда на пазарот на трудот. Бројот на слободни работни места е двојно поголем од бројот на невработени, а работодавците мора да ги зголемат платите.

Вкупните трошоци за работна сила во САД се зголемија за 5,1 отсто во вториот квартал, најмногу откако Министерството за труд почна да го следи тој индикатор во 2001 година.

Роботите сè уште не значат подобра продуктивност на работниците, според моментално достапните показатели, јавија американски медиуми, истакнувајќи дека продуктивноста во САД во вториот квартал забележа најголем пад, изразен со годишна стапка од 1948 година.

Можете да прочитате

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија