Утрински Весник
Култура

Наградените на Струшките вечери на поезијата на прием кај Пендаровски

Наградените на Струшките вечери на поезијата на прием кај Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими Кенсаку Таникава, син на јапонскиот поет Шунтаро Таникава – годинешен лауреат на наградата „Златен венец” на Струшките вечери на поезијата, Џерардо Мазучо, италијански поет и добитник на наградата „Мостови на Струга“, израелскиот поет Амир Ор, лауреат на Струшките вечери на поезијата за 2020 година и Тодорче Тасевски, директор на поетската манифестација.

dobivaj vesti na viber

Пендаровски им честита на наградените поети изразувајќи надеж дека овие престижни награди со кои се валоризираат нивните поетски дострели, ќе претставуваат дополнителен мотив за уште поголеми литературни успеси во иднина.

На средбата, претседателот оддаде признание за целокупната организација на Струшките вечери на поезијата, потенцирајќи дека оваа манифестација е врвен културен настан во светот на литературата, кој покрај тоа што го афирмира македонското поетско творештво, ја приближува и светската поезија до македонската публика.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“