Утрински Весник
Македонија

(Видео) 281 санкционирани возачи на мотоцикли

(Видео) 281 санкционирани возачи на мотоцикли

Во периодот од 22.08.2022 до 28.08.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 281 возач.

dobivaj vesti na viber

Од нив, 185 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 57 возеле без возачка дозвола, пет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Тетовец измамен за 3400 евра со лажна сообраќајка

Измамен гостиварец за 1200 евра, сакал возачка без да полага

Жена тешко повредена откако паднала во градски автобус