Утрински Весник
Економија

Отсега отворање сметка во Халкбанк на било кој шалтер на Пошта

Отсега отворање сметка во Халкбанк на било кој шалтер на Пошта

Сите корисници на поштенски услуги отсега, во било која од 324 активни поштенски единици на Македонска пошта АД, со 470 шалтерски места, ќе можат да отворат сметка во Халкбанк АД Скопје со што стануваат клиенти на банката и со тоа добиваат можност за безготовинското плаќање на сметки и други режиски трошоци преку нивната сметка во банката со пониски провизии, но и пристап до други банкарски услуги што ги нуди Банката.

dobivaj vesti na viber

Имено, досега во Пошта преку платниот промет на Халкбанк можеа да се реализираат безготовински плаќања и плаќања во готово, вклучително и плаќање сметки за комунални услуги. Сега, со можноста за отворање на трансакциска сметка во Халкбанк преку шалтерите на Пошта, се проширува делувањето и достапноста на банкарските услуги до сите средини во чија близина нема банкарски филијали или експозитури.

На шалтерите на Пошта, освен отворање сметка, граѓаните ќе можат да ги ажурираат личните податоци, да поднесат барање за добивање кредитна картичка, да аплицираат за кредит – потрошувачки, за пензионери, станбен, или да затворат сметка. На било кој шалтер на Пошта исто така ќе можат да поднесат барање за дозволено пречекорување што е овозможено за сите приматели на плата или пензија преку Халкбанк, за добивање пензија преку Халкбанк или за добивање дебитна картичка, за електронско банкарство, барање за СМС услуги, за студентски пакет и други банкарски услуги.

ПР

Можете да прочитате

Филипче: Додека цените растат, Мицкоски слави 50 години ЕПП на трошок на граѓаните

Синдикалната кошничка во март изнесува 67.818 денари

ДУИ: Пад од дури 9,4% на индустриското производство