Утрински Весник
Свет

Завршена е обдукцијата на телото на 15-годишното момче кое почина на Халкидики, причина за смртта е давење

Завршена е обдукцијата на телото на 15-годишното момче кое почина на Халкидики, причина за смртта е давење
Dik 300x250 mk

Завршена е обдукцијата на телото на 15-годишното момче кое почина во неделата попладне додека пливало на плажата Неа Фогитос на Халкидики.

dobivaj vesti na viber

Според информациите со кои располага Прототема, судско-медицинскиот преглед во Судската служба во Солун утврдил дека причина за смртта е давење.

Во наредниот период се очекуваат и резултатите од хистолошките прегледи за да се расветлат повеќе околностите на смртта и да се покаже дали 15-годишното дете изгубило свест од некоја друга причина додека било во вода или се удавило додека пливало.

Грчките медиуми пишуваат дека момчето настрадано било од Липочори, а кобниот ден со другарите отпатувало на Халкидики, за сите уште еднаш да се опуштат пред почетокот на учебната година.

На Халкидики пристигнале со туристички автобус и дошле во кафуле на плажата Неос Флогитос.

Момчето веќе било мртво кога го извлекле на брегот. И покрај обидите на капачите да го реанимираат, малиот немало спас. Брза помош го пренела момчето во болница, каде била констатирана смрт,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно