Утрински Весник
Магазин

(Видео) Бебе слон си игра со меурчиња од сапуница

(Видео) Бебе слон си игра со меурчиња од сапуница

Зоолошката градина во Форт Ворт, Тексас, неодамна на социјалните мрежи сподели слатко видео со мал слон како си игра со меурчиња од сапуница.

dobivaj vesti na viber

Вработените во зоолошката решиле да донесат машина за меурчиња за малку забава. На видеото се гледа како среќното животно се обидува да ги улови со сурлата или да ги изеде.

Бразос има само 10 месеци. Ова беше негова прва средба со меурчиња од сапуница, а во играта беше придружуван од мајка му, слоницата Блубонет.

Бразос веќе тежи речиси 500 килограми, што го прави играњето со воздушните меури уште попривлечно.

Видеото е објавено пред неколку дена, а досега го погледнале десетици илјади корисници кои биле воодушевени од преслаткото животно. „Ова е навистина прекрасно“, „Каква љубов“, „Го обожавам“, „Пресладок е“, напишаа луѓето во коментарите.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста