Утрински Весник
Спорт

Дончиќ не беше доволен, Германија ја декласираше Словенија

Дончиќ не беше доволен, Германија ја декласираше Словенија

Германија стигна до убедлива 90:71 победа над Словенија во меч од квалификациите за Светското првенство во 2023 година во Минхен, со што им ги „замрсија“ сметките на Словенците за пласман на Мундијалот.

dobivaj vesti na viber

Со оваа победа, Германија има 7-1 скор во групата Ј, и речиси обезбеден пласман, додека Словенија сега има 5-3 скор пред последните две кола, во кои играат со Израел, тим кој има 4-4 скор.

Денис Шрудер имаше 17 поени и 10 асистенции, Франц Вагнер одаде 16 поени, додека кај Словенците, Лука Дончиќ застана на 23 поени, 6 скока и 5 асистенции, кои не беа доволни за конкурентен меч.

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко