Утрински Весник
Свет

Пакистан моли за помош – катастрофата од монсуните ја погоди земјата во најлош момент

Пакистан моли за помош – катастрофата од монсуните ја погоди земјата во најлош момент

Пакистан апелираше за дополнителна меѓународна помош поради разорните поплави што ја погодија земјата.

dobivaj vesti na viber

„ САД, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и други земји придонесоа за апелот за катастрофата од монсуните, но потребни се повеќе средства“ изјави за Би-Би-Си претставникот на Министерството за внатрешни работи Салман Суфи.

Како што наведе, од јуни досега загинаа повеќе од 1.000 луѓе, а милиони се раселени.

Тој додаде дека пакистанската влада прави се што е во нејзина моќ за да му помогне на народот.

Во северозападниот дел на земјата, илјадници луѓе ги напуштија своите домови откако реките во провинцијата Хајбер Пахтунхва се излеаја од коритото, предизвикувајќи силни поројни поплави.

Силно погодена е и провинцијата Синд во југоисточниот дел на земјата, при што илјадници се раселени од своите домови.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека 33 милиони луѓе се погодени од поплавите, што е околу 15 отсто од населението во земјата.

Според него, загубите предизвикани од поплавите оваа сезона се споредливи со загубите за време на поплавите во 2010 и 2011 година, за кои се вели дека се најлошите во историјата.

Можете да прочитате

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци

На британските затвореници им се доставува дрога со дронови

Трамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за Украина