Утрински Весник
Македонија

Притвор за албанскиот државјанин за давање поткуп на Блаце

Притвор за албанскиот државјанин за давање поткуп на Блаце

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и поднесе предлог за определување мерка притвор против 43-годишен државјанин на Албанија, за давање поткуп на граничниот премин Долно Блаце.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот, на 26 август, пристигнал на граничниот премин “Долно Блаце”, како заменски возач во автобус „Сетра“ со албански регистарски ознаки кој требало да транзитира низ земјава. На полициски службеник – раководител на смена на границата осомничениот му дал една банкнота во апоен од 50 евра со цел да го поткупи за да не изврши службено дејствие – пасошка контрола која се состои од проверка и евиденција на сите патници кои се превезуваат со автобусот. Настанот бил снимен со боди камера на полицаецот, а осомничениот веднаш бил лишен од слобода.

Предлогот за определување мерка притвор беше доставен до Основниот кривичен суд Скопје бидејќи постои реална опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена.​

Можете да прочитате

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра 

МЗШВ: Нема привилегирани и заштитени, секој што се огрешил и ја злоупотребил функцијата, ќе одговара 

Почина Чак Норис – 24info.mk