Утрински Весник
Свет

Русија започнува со изградба на два нови нуклеарни реактори во Унгарија

Русија започнува со изградба на два нови нуклеарни реактори во Унгарија

Руската компанија „Росатом“ во наредните недели ќе започне со изградба на два нови нуклеарни реактори во Унгарија, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

dobivaj vesti na viber

– Ова е голем чекор. На овој начин Унгарија долгорочно ќе обезбеди енергетска сигурност и ќе ги заштити Унгарците од неконтролираниот раст на цените на енергијата – рече Сијарто.

Според него, реакторите би можеле да бидат во функција до 2030 година, пренесува АФП.

Во 2014 година, Русија и Унгарија постигнаа договор за проширување на постојниот нуклеарен постројка Пакс.

Електраната „Пакс“ во моментов произведува 40 отсто од електричната енергија во Унгарија, а со дополнителните два реактори капацитетот ќе биде повеќе од двојно зголемен.

Руската нуклеарна индустрија не е покриена со санкциите на ЕУ,пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Запалено американското знаме на протест во Цирих

Мерц нема да биде дел од церемонијата на Комитетот за мир во Давос

Американскиот министер за трговија со остри критики кон Европа