Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Со Ковачевски народот плаќа 50% поскапа струја, а фирмите и до 400% повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Со Ковачевски народот плаќа 50% поскапа струја, а фирмите и до 400% повеќе

Со Ковачевски народот плаќа 50% поскапа струја, а фирмите и до 400% повеќе во однос на лани. Откако Ковачевски е премиер цената на струјата за домаќинствата се зголеми и за речиси 50%, нашите сограѓани кои лани плаќале во просек 3.000 денари за струја месечно сега плаќаат минимум 4.500 денари, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Загрозени покрај граѓаните се и бизнисите. Цената на струјата за фирмите со Ковачевски на власт е зголемена и за 400%.

Со антимакедонската СДС и народот и фирмите се донесени на раб на опстанок.

Потребни се итни мерки кои ќе значат помош за домаќинствата и фирмите. Со антимакедонската СДС тоа се покажа како невозможно, затоа решение се предвремени парламентарни избори час поскоро, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт