Утрински Весник
Свет

(Видео) Комбе влета во кафуле во центарот на Брисел, шест лица се повредени

(Видео) Комбе влета во кафуле во центарот на Брисел, шест лица се повредени
Dik 300x250 mk

Комбе денеска влета во градината на едно кафуле во центарот на Брисел, по што на шест лица им беше потребна медицинска помош поради полесни повреди и шок, соопштија бриселската противпожарна единица и обвинителството.

dobivaj vesti na viber

Како што јави Ројтерс, возачот на комбето избегал од местото по инцидентот, кој се случил нешто пред 13 часот по локално време, и по него се трага, изјави портпаролот на бриселското обвинителство.

Никој од повредените не барал болничко лекување.

Според извештаите, не е познато дали инцидентот бил намерно предизвикан, иако очевидци изјавиле за белгиските медиуми дека комбето влегло на улицата што води кон прометна област со продавници, со гуми што чкрипеле, а целта му била да влета во кафулето, по што возачот побегнал возејќи со голема брзина.

Можете да прочитате

Виетнам под налет на тајфунот Калмаеги

Израел ја прогласи границата со Египет за затворена воена зона

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат