Утрински Весник
Магазин

(Видео) „Нетфликс“ има нова хит серија, гледачите коментираат: јa изгледав во еден ден

(Видео) „Нетфликс“ има нова хит серија, гледачите коментираат: јa изгледав во еден ден
Dik 300x250 mk

Новата драмска серија на „Нетфликс“, Echoes, го зазеде првото место по гледаност во некои делови на Европа.

dobivaj vesti na viber

Ја претрка мрачната драма „Сендмен“, која ги воодушеви и критичарите и публиката, а до пред некој ден беше на врвот на листата на топ-10 најгледани на стринг-платформата.

Echoes е австралиски психолошки трилер кој ја следи приказната за близначките Лена и Џина – двете ги глуми Мишел Монаган – кои тајно ги заменувале своите животи уште од детството што кулминирало во двоен живот. Но, заплетот на серијата се случува кога една од сестрите исчезнува и сè во нивниот совршено испланиран свет се претвора во хаос, пишува „ИМДБ“.

Можете да прочитате

Северина падна на сцена за време на настап 

Ана Стојанова од Дубаи им одговори на сите кои ја прашуваат кој ја спонзорира: “Престанете да ги осудувате девојчињата” (ФОТО)

Нела Манческа со песната „Miracle“ ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025