Утрински Весник
Економија

Бектеши: Најдовме решение за проблемот со струјата во Арачиново

Министерот за економија Крешник Бектеши објави дека е најдено решение за проблемот со струја во Арачиново. Тој не кажа точно како ќе се реши проблемот.

dobivaj vesti na viber

„ Во координација со градоначалникот на општината и раководството на ЕВН, најдено е решение за прашањето за снабдување со електрична енергија! Ова решение е привремено, но со надеж дека ќе биде долгорочно доколку сите страни го почитуваат договорот и законите во државата.
Да вложиме максимални напори да заштедиме струја, да го заштитиме семејниот буџет и да не ја влошиме состојбата со енергетската криза!“ напиша Бектеши на Фејсбук.

Жителите на Арачиново изминатите два дена беа без електрична енергија, поради голем дефект, кој што настанал, според ЕВН, поради дивите приклучоци и кражбата на струја. Од компанијата рекоа дека не испраќаат свои тимови да го санираат дефектот, бидејќи постојано се изложени на напади од селаните. Неколку десетици жители на Арачиново вчера протестираа пред ЕВН, предводени од градоначалникот, Ридван Ибрахими.

Можете да прочитате

Министерство за финансии исплати 785 милиони денари за поддршка на домашни компаниии

Божиновска: Општините добиваат конкретна поддршка за реализација на повеќе енергетски проекти – започнаа практичните обуки за општините

Се интензивира откупот на тутунот