Утрински Весник
Свет

Лиз Трас: Подготвена сум да го притиснам нуклеарното копче

Кандидатката за лидер на Конзервативната партија и премиер на Велика Британија потврди дека е подготвена да го притисне нуклеарното копче доколку е потребно.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува „Хафингтон пост“, Лиз Трас, на собирот во Бирмингем каде што таа зборуваше, водителот ја праша дали ќе даде наредба „да се ослободи нуклеарното оружје“ од програмата „Тридент“ и доколку е потребно, да го притисне нуклеарното копче.

Одговарајќи на прашањето, Лиз Трас рече дека е подготвена да го направи тоа.

„ Мислам дека тоа е важна должност на премиерот и подготвена сум да го сторам тоа“ рече таа.

Претходно, за време на нејзината кампања, таа посочи дека ќе го обнови нуклеарното одвраќање, кое има за цел „да ги одврати најекстремните закани за британската национална безбедност и начин на живот“, пренесува Спутник.

Можете да прочитате

Орбан: Зеленски да обезбеди никој да не загине при присилна регрутација

Колумбиските власти уапсија еден од шефовите на италијанската мафија „Ндрангета“ во Латинска Америка

Исклучена струјата и водата во регионот Запорожје кој е окупиран од Русија