Утрински Весник
Економија

Академијата за сајбер безбедност на Американскиот универзитет на Европа – ФОН станува атрактивна во регионот

Академијата за сајбер безбедност која што формираше Американскиот универзитет на Европа – ФОН го привлече вниманието и станува атрактивна во регионот.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на продлабочување на соработката со универзитети од регионот, ректорката на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска оствaри работна посета на Високата школа за осигурување и финансии (ВУЗФ), приватен универзитет од Софија, Република Бугарија.

На средбата со ректорот на ВУЗФ универзитетот проф. д-р на правни науки, Борис Велчев, ректорката Пулеска Јанушевска ја промовираше Академијата за сајбер безбедност на АУЕ – ФОН како регионален центар за обука на професионалци од областа за сајбер безбедност во соработка со ThriveDX од Израел, што предизвика голем интерес во Бугарија, заради можноста за професионална едукација и усовршување на кадри за најбараната професија на денешницата.

Ректорите на двата универзитети на денешната средба потврдија дека е започната постапка за акредитација на наставниот кадар од Американскиот универзитет на Европа – ФОН за менторирање на докторски студии на ВУЗФ универзитетот. Наставниот кадар од АУЕ-ФОН ќе има можност да менторира докторски студии од областа на економијата на две програми: финансии, осигурување и социјално осигурување, како и сметководство, контролинг и анализа.

Во исто време, академскиот кадар од АУЕ -ФОН ќе може да објавува свои трудови во релевантни меѓународни списанија во Бугарија.

Американскиот универзитет на Европа – ФОН како резултат на веќе воспоставеното стратешко партнерство и соработка со ВУЗФ универзитетот од Софија, на своите сегашни и идни студенти и алумни им овозможува да се стекнат со двојни дипломи од областа на бизнис економија, менаџментот и финансиите за прв и за втор циклус на студии.

Со двојните дипломи на студентите на АУЕ – ФОН им се отвораат нови перспективи за професионален и кариерен развој во Европа и пошироко, како и со стекнување на академска квалификација која без процедури на нострификација е валидна во државите членки на ЕУ.

ПР

Можете да прочитате

СДСМ: Македонската економија тоне, Мицкоски фантазира за четврта економија во Европа

До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените

УЈП на средба со стопанствениците од Прилеп и со субјектите кои закупиле штандови за манифестацијата „ ПИВО-ФЕСТ 2025“