Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Оставката на Бухова не е доволна, потребна е одговорност

„Како функционер на власта на СДСМ, Ирина Бухова е врзана со низа скандали, при што на обзнанување на последниот за очната болница, си даде оставка за која вели дека ја планирала од поодамна. Оставката на Бухова е врзана со последниот скандал за кој не спречила диво работење на приватна очна болница во центарот на Скопје, за која нејзината институција издала решение за забрана за вршење оперативни зафати на Промедика офталмологија, а Бухова продолжила одреден период да ги штити“ рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

dobivaj vesti na viber

„Не е доволно само да си поднесе оставка. Мора да се отвори случај, да се утврдат фактите и да сноси секаква одговорност. Министерството за здравство да не молчи повеќе, туку да го испита случајот, бидејќи вака е практично соучесник“ смета Арсовски и посочува дека „оваа власт предводена од СДСМ од здравствениот систем направи вистински кошмар. Материјалниот и било каков друг интерес на функционерите кои ги раководат институциите во здравството им се далеку поважни од здравјето на граѓаните и непречено функционирање на системот“.

Можете да прочитате

Македонија тоне, размислувам и јас за иселување – Зафиров со жестока порака до властите

Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор и со многу бучава

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат