Утрински Весник
Свет

Шојгу: Руската офанзива е намерно бавна, не сакаме да убиваме цивили

Забавувањето на офанзивата за време на специјалната воена операција во Украина е свесна одлука, условена од желбата да се минимизираат цивилните жртви, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

dobivaj vesti na viber

На состанокот на министрите за одбрана на Организацијата за соработка Сангаи во Ташкент, Шојгу рече дека Русија строго се придржува до нормите на хуманитарното право за време на „специјалната операција“ во Украина, пренесува РИА Новости.

– Се изведуваат удари со високопрецизно оружје врз воената инфраструктура на вооружените сили на Украина – командни пунктови, аеродроми, магацини, утврдени објекти, објекти на воено-индустрискиот комплекс. Во исто време, се прави се за да се избегнат цивилни жртви. Секако дека го успорува темпото на офанзивата, но на тоа одиме свесно – истакна Шојгу.

Тој ги обвини украинските единици дека користат, како што рече, „тактика на изгорена земја, флагрантно кршејќи ги меѓународните норми и се однесуваат како терористи“.

Шојгу тврди дека украинските сили користат станбени области, училишта, болници, градинки како пукачки позиции, ставаат тенкови и артилерија во нив, а населението го користат како жив штит, пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Во срцето на летото: На алпите наврнаа 80 сантиметри снег!

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ