Утрински Весник
Македонија

Приведен малолетен крадец од Скопје

На 23.08.2022 полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, кој на 22.08.2022 на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ одзел лични предмети од жена од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Лицето било задржано во полициска станица, а од судија за деца изречено е решение за извршување на заводска воспитна мерка во Воспитно поправен дом Тетово, по што малолетникот бил спроведен во домот.

По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител против малолетникот ќе биде поднесена и соодветна пријава.

Можете да прочитате

Претежно облачно со локални врнежи, снег на повисоките места

Филипче ќе го менува цел извршен одбор на партијата

Можно е пролонгирање на почетниот датум на казнување со ,,Сејф Сити”