Утрински Весник
Економија

На Русите им го ускратија пивото и си направија проблем

Пиварниците од германската провинција Баварија, поради војната во Украина, речиси повеќе не испорачуваат пиво во Русија.

dobivaj vesti na viber

Според податоците на Баварската земјоделска асоцијација, извозот на пиво во Русија речиси целосно е запрен.

Портпаролот на здружението Лотар Еберт за „Билд“ изјави дека во Русија во јануари биле извезени околу 77.477 хектолитри пиво, а во февруари 78.797 хектолитри.

„ По почетокот на војната во Украина, извозот на пиво во Русија значително се намали. Во март на околу 47.313 хектолитри, а во јуни на 23.249 хектолитри“, изјави Еберц.

За пиварниците, суспензијата на извозот во Русија е особен проблем бидејќи Русија, по Италија, беше втора по големина извозна дестинација за пиво од Баварија.

Минатата година Баварија извезла околу 950.000 хектолитри пиво во Русија.

Еберц вели дека сегашната ситуација може да се спореди со ситуацијата поради корона кризата.

Можете да прочитате

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот