Утрински Весник
Свет

Украина ја обвини Русија дека киднапира украински деца и ги дава на посвојување

Украина денеска ја обвини Москва дека организирала нелегално посвојување на голем број украински деца донесени во Русија од окупираната територија.

dobivaj vesti na viber

„ Русија продолжува да киднапира деца од украинска територија и да организира нивно нелегално посвојување во руски семејства“, се вели во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи.

„ Повеќе од 1.000 деца од Мариупол“, пристанишен град во југоисточна Украина заземен од руската армија, „илегално им се предадени на странци во Тјумен, Иркутск, Кемерово и Алтај крај“ во Сибир, соопшти Министерството, повикувајќи се на информации објавени од властите во Краснодар, град на југозапад од Русија, недалеку од Украина.

Покрај тоа, повеќе од 300 украински деца се сместени во „специјални институции“ во Краснодар, се додава.

Ваквите постапки на Русија се „сериозно кршење на Женевската конвенција“ за заштита на цивилите во војна и Конвенцијата на ОН за правата на децата, предупредува Министерството.

„ Сите украински деца кои незаконски биле донесени на руска територија мора да бидат вратени на нивните родители или законски старатели“, се вели во соопштението.

Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, Киев ја обвини Москва дека ги принудува Украинците, особено децата, да ги напуштат областите окупирани од Русија во Русија, а не во другите делови на Украина, што украинските власти го споредуваат со „депортации“.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени