Утрински Весник
Култура

Самостојна изложба на Ана Ивановска во Њујорк

В четврток, на 25 август во 18:00 часот во Gallery MC во Њујорк, ќе се отвори самостојната изложба на Ана Ивановска со наслов „Под кожа“.

dobivaj vesti na viber

Овој визуелен проект насловен „Под кожа“ претставува едно истражување на внатрешните трансформации, каде фокусот е ставен на разните ментални состојби и ситуации, емоциите и чувствата во периодот на карантин за време на пандемијата со Ковид-19.

Влијанието од целата пандемска ситуација неизбежно се рефлектираше во фотографиите на Ана Ивановска, кои содржат елементи на повторување на фотографија на маски и ракавици кои формираат вистинска решетка, позади која се наоѓа уста која останува „Без здив“. Тие се визуелна манифестација на стравот од ширењето на вирусот, безизлезната ситуација и ограничената слобода како бариера во општењето со светот и претставува еден вид релација на видливиот свет со невидливите опасности.

Овој проект, од друга страна, има оптимистички став, согледувајќи ги и позитивните страни во врска со карантинот, имајќи можност да го набљудуваме нашиот живот од поинаква перспектива, со зголемена почит кон вредноста на животот. Конечно, проектот „Под кожа“, нè повикува да се одмориме од нашето секојдневие, да го развиеме нашето чувство на задоволство и исполнетост низ пронаоѓање на сопствен внатрешен мир преку љубов, поврзаност и заедништво.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“