Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места особено попладне и во вечерните часови нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

dobivaj vesti na viber

Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје променливо облачно, со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 28 степени.

До четврток ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места претежно во попладневните и вечерните часови со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе има услови попладне за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.

Можете да прочитате

(Видео) Приведен сопственикот на кравите од Паланка, ќерките се обидоа да го спасат

Тоневски со порака за подршка на манифестацијата посветена на лицата со попреченост

Претежно облачно со локални врнежи, снег на повисоките места