Утрински Весник
Спорт

Салах: Натпреварот со Јунајтед ќе биде посебен за сите навивачи

Дербито на „Олд Трафорд“, Манчестер јунајтед-Ливерпул ќе го затвори третото коло во Премиер лигата. Двата тима се уште се без победа, Јунајтед доживеа два порази, додека Ливерпул два пати играа нерешено.

dobivaj vesti na viber

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах ова ќе биде пресметка на двата најголеми англиски клуба.

„Ливерпул и Манчестер јунајтед се можеби двата најголеми клуба во историјата на англискиот фудбал, затоа мислам дека ќе биде посебен натпревар за сите навивачи. Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Челзи, Арсенал, ова се врвните клубови против кои секогаш сакате да играте. Тие натпревари секогаш ќе бидат дерби. Секогаш ќе има ривалство помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, бидејќи тие два клуба се најголеми во Англија“, изјави Салах и дополни.

„Едвај го чекаме овој натпревар, исто како и тие, па да видиме што ќе биде. Манчестер јунајтед е врвен тим со врвни играчи. Немаа добар старт, но секако сакаат да не победат. Имам голема почит кон нив. Сигурен сум дека Манчестер јунајтед со сите сили ќе се бори за победа на овој натпревар“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина