Утрински Весник
Македонија

Пендаровски ги прими ракометните кадети по триумфот на шампионатот во Латвија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими македонската машка кадетска ракометна репрезентација, по освоеното прво место на ЕХФ шампионатот (до 18 години) месецов во Латвија.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Пендаровски упати честитки за одличната тимска игра, истакнувајќи дека импресионира патот до шампионската титула без ниту еден пораз и фактот што во идеалниот тим на шампионатот се избрани четворица македонски репрезентативци.

Горди сме што кадетската репрезентација со супериорниот триумф ја продолжува традицијата на одлични резултати во македонскиот ракомет, како еден од нашите најуспешни спортови, рече претседателот Пендаровски пред македонските репрезентативци.

На средбата претседателот Пендаровски на кадетите им посака натамошни успеси, откако со триумфот на ЕХФ шампионатот во Латвија обезбедија место на кадетското светско првенство 2023 година и на младинското европско првенство 2024 година.

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор