Утрински Весник
Спорт

Мурињо му купи патики од 800 евра, сега го избрка од клубот

Рома и Кремонезе вечерашниот натпревар ќе го искористат и да ги заклучат преговорите околу трансферот на Феликс Џан. Минатата есен, Европа слушна за овој напаѓач, кога Жозе Мурињо си го исполни ветувањето и му купи патики од 800 евра. Тогаш Џан со два гола и ја донесе победата на Рома над Џенова.

dobivaj vesti na viber

Во меѓувреме, тоа беа единствените голови кои 19. годишниот напаѓач од Гана ги постигна за Рома. Мурињо е подготвен да се откаже од него и да го испрати во Кремонезе, особено по последниот инцидент на тренингот на „волчицата“.

Во желбата да дојде до топката, Џан со остар старт му ја скрши ногата на големото засилување Џини Вајналдум. Холанѓанецот ќе отсуствува три месеци и ќе го пропушти Светското првенство во Катар.

Трансферот на Џан ќе ја отвори можноста Рома да го донесе Андреа Белоти, кој е слободен играч откаку му истече договорот со Торино.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет