Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: ДЗСИ јавно да ги објави лиценците за очната болница

„Молкот и необјавувањето јавно на лиценците за работа на очната болница која што функционира во склоп на медикал центар Промедика е доволен показател дека државниот здравствен и санитарен инспекторат и директорката Бухова нешто кријат или се обидуваат да сокријат и да премолчат. Покрај признанието дека навистина инспекторатот издал решение за забрана за работа на очната болница, Бухова не ги приложува сите информации во јавноста и повторно ќе кажам нешто крие очигледно“ обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

dobivaj vesti na viber

Тој напоменеда дека „сакаме уште еднаш да потенцираме дали оваа очна болница има лиценци за вршење оперативни зафати кои веќе ги работи и рекламира? Ова е прашањето на кое што инспекторатот а веќе и министерството за здравство треба да дадат одговор“.

„Доколку работеле без лиценци за вршење оперативни зафати, како наплаќале за истите, односно на кој начин ги приложувале парите и парите влегувале во платен промет, односно на кој начин плаќале данок за истите“ вели Арсовски.

Партискиот став е дека „со оваа власт, со вакви директори како Ирина Бухова, СДСМ направи хаос и руина од здравството. Навистина е срамота за ваков скандал да се однесуваат ноншалантно и да молчат“.

Можете да прочитате

Нов пожар кај Стенковец, црн чад се шири кон Скопје

Голем пожар кај Милетино, во Скопје се чувствува чадот од огнот кај Чучер Сандево

Од Македонија до Лос Анџелес: „Приказната за Силјан“ со две номинации за Emmy Awards