Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите дозволиле поликлиника без лиценца да оперира луѓе, Бухова и Сали да одговараат

Институциите дозволиле поликлиника без лиценца да оперира луѓе, Бухова и Сали да одговараат. Недозволиво е поликлиниката Промедика да врши операциони зафати, без притоа за тоа да ги поседува потребните дозволи. Институциите знаеле и тоа го дозволиле. Ирена Бухова, како директор на ДСЗИ и Беким Сали како министер за здравство, а пред него и Венко Филипче мора да одговораат за овој преседан кој можел да заврши со последици за голем број наши сограѓани, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека и откако беа откриени, ниту Бухова, ниту Сали излегоа да се извинат и да понесат одговорност со оставки, туку ДСЗИ во форма на пишано соопштение го призна скандалот. Бухова и Сали да не мислат да се кријат за пишани признанија, без понесување одговорност.

Очекуваме оставка, а во меѓувреме ЈО да отвори случај и да се исттажи кој и како дозволил, и зошто свесно е толерирана работа без лиценца. Одговорност за одговорните во институциите мора да има, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт