Утрински Весник
Спорт

Ето: Никој не е подобар од Мурињо

Поранешен фудбалер Самуел Ето изјави дека не се сомнева оти најдобар тренер на светот е актуелниот предводник на Рома, Жозе Мурињо.

dobivaj vesti na viber

Во изјава за „JoySports“, Ето даде одговор на ова прашање и објасни зошто португалскиот стручњак е на првото место.

„Најдобар тренер на светот е Жозе Мурињо. За играчите од Африка смета дека се меѓу најдобрите. Мурињо многу им верува на Африка и на африканските фудбалери и секогаш им дава можност да го покажат својот квалитет. Неодамна го помина и својот одмор во Намибија“, изјави познатиот камерунски фудбалер.

Ето беше член на легендарниот тим Интер кој ја освои тројната круна во 2010 година, под водство на Жозе Мурињо.

Камерунецот со него работеше и во Челзи во сезоната 2013/14.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет