Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време, попладне со дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно, свежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

dobivaj vesti na viber

Локално во попладневните часови ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степена.

Во Скопје променливо облачно, од пладневните часови во делови од регионот ќе има повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер краткотрајно и со невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 29 степени, информираат од УХМР.

Во следните денови подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на влажен и нестабилен воздушен бран, што ќе услови променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд и грмежи. Локално, претежно во попладневните часови, ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите ќе останат значително пониски во однос на изминатиот период.

Можете да прочитате

Хаос за влез од Грција во Македонија

Гори околу Скопје, активни пожари во општина Сарај и општина Ѓорче Петров

Уапсени 11 возачи, осум возеле без возачка дозвола