Утрински Весник
Економија

Британија ќе ги наградува домаќинствата кои поретко ќе користат машини за перење и миење садови

Британските домаќинства со паметни броила за електрична енергија би можеле да бидат платени ако ги исклучуваат високо-енергетските апарати како што се машините за перење во временскиот период кога најмногу се употребуваат уредите, со цел да го намалат ризикот од  недостиг на енергија оваа зима.

dobivaj vesti na viber

Националниот електроенергетски оператор ЕСО се подготвува да ги објави плановите за наградување на потрошувачите за намалување на притисокот врз електричната мрежа.

Наградата за намалување на употребата на апарати како што се машините за сушење и машините за миење садови од 17 до 20 часот може да изнесува дури 6 фунти за заштеден киловат часови.

„Сандеј тајмс“, кој прв го објави планот, пишува дека мрежата ќе аплицира за регулаторно одобрување, при што се надева дека шемата ќе биде одобрена до крајот на октомври.

Портпаролот на ЕСО рече: „Развиваме нова услуга која ќе биде достапна за потрошувачите оваа зима и наскоро ќе објавиме дополнителни информации“.

 

Можете да прочитате

Треновски: Најголемиот трошок за една фирма е конкурентот што не плаќа данок – до една третина од економијата е во сивата зона

Треновски: Додека светот размислува за четиридневна работна недела, Македонија дебатира за кратење на празниците

Николоски: За прв пат се градат шест автопати истовремено