Утрински Весник
Свет

КФОР го зголемува присуството на граничните премини Јариње и Брњак во Косово

КФОР го зголеми своето присуство на административните премини Јариње и Брњак и е подготвен да интервенира доколку е потребно, изјавија денеска за Танјуг во КФОР.

dobivaj vesti na viber

На прашањето дали е точно дека американски војници во НАТО се распоредени по главните патишта на северот на Косово, по неуспехот на последната рунда од дијалогот во Брисел, КФОР одговори дека го зголемиле своето присуство на премините Јариње и Брњак „со цел да се зголеми свеста за ситуацијата“.

„Истотака зголемени се и активностите на патролирање во областа“, се наведува во одговорот.

Овие мерки, како што се објаснува, се преземени за да му се овозможи на КФОР брзо да одговори на секој безбедносен предизвик доколку е потребно.

Како што се потсетува, мандатот на мисијата КФОР предводена од НАТО, која произлегува од Резолуцијата 1244 на СБСБ од 1999 година, е да обезбеди безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите граѓани на Косово.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Убиена е трудница со потекло од Балканот, партнерот е обезглавен и главата му е набиена на колец

Израел тврди дека нема масовна глад во Газа

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина