Утрински Весник
Македонија

Излезноста во Маврово и Ростуше и Центар Жупа е над 24 отсто до 13 часот, во Тетово излегле 14 отсто од гласачите

До 13 часот, излезноста на гласачите на изборите за градоначалник во Маврово и Ростуше изнесува 24.21 отсто, а во Центар Жупа 25,4 проценти.

dobivaj vesti na viber

Во Тетово за членови на советот, до 13 часот излегле 14,1 отсто од пријавените гласачи.

 

Право на глас имаат вкупно 101.174 лица, од кои 84.072 во Тетово, 7.154 во Центар Жупа и 9.948 во Маврово и Ростуше.

Во Маврово и Ростуше се гласа на 39 избирачки места, во Центар Жупа на 16, а во Тетово на 117 избирачки места.

 

 

Можете да прочитате

Јовица Андовски е нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

„Ќе те ставиме во багажникот!“ – син на поранешен началник во МВР пријавил напад кај Хиподром

Хаџи Василева порача дека обвинителите мора да бидат заштитени од надворешни влијанија