Утрински Весник
Македонија

Излезноста во Маврово-Ростуше и Центар Жупа над 14 осто до 11 часот

Според податоците на Државната изборна комисија во Општината Центар Жупа до 11 часот гласале 14,47 отсто од запишаните гласачи, додека во Општината Маврово – Ростуше на гласање излегле 14,11 отсто од гласачите. Во Тетово излезноста е изнесува 6,71 отсто или 5.642 гласачи.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски истакна дека гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера, со неколку технички пропусти.

„Имаше мали технички пропусти на кои им укажавме на избирачките одбори. Некои се исправија веднаш. Се функционира во ред. На некои места имаше објавени списоци само на албански, немаше на македонски. Тоа е технички пропуст и им укажавме дека доколку има, да ги закачат да не биде пропуст да биде двојазично. Тоа се мали детали што ги утврдивме, изјави Даштевски.

Технички проблем имало и со батериите или смарт картички на некои од биометриските апарати, но како што рече Даштевски, проблемите за брзо биле надминати.

Можете да прочитате

Љутков: По инцидентот во Кочани, вонредна инспекција покажа дека дел од културните објекти се небезбедни за јавноста

Република Северна Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК

Мицкоски оди за Црна Гора на самитот ЕУ – Западен Балкан