Утрински Весник
Македонија

Жена загина на улица во Кичево, ја прегази 20-годишник со автомобил

Седумдесет и деветгодишна жена загина на лице место на улицата Кузман Јосифоски-Питу кога во неа удри автомобил.

dobivaj vesti na viber

„На 19.08.2022 во 18.15 часот било пријавено дека во Кичево на ул.“Кузман Јосифоски-Питу“ патничко моторно возило ‘туран’ со кичевски регистарски ознаки управувано од М.С.(20) од Кичево удрило во Д.Ц.(79) од Кичево, а потоа во паркирано патничко моторно возило ‘ауди’ со кичевски регистарски ознаки паркирано од П.З.(27) од Кичево“, соопшти МВР,

Во несреќата на местото на настанот починала жената, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Можете да прочитате

Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер

Работник тешко повреден при пад од зграда во Куманово

Серафимовски ги посети земјоделците погодени од невремето во струмичкиот регион