Утрински Весник
Спорт

Емотивна порака за крај – Касемиро го напушти Реал

Манчестер јунајтед и Реал Мадирд синоќа го потврдија трансферот на Бразилецот Касемиро. Реал ќе заработи 72.000.000 евра, а Касемиро од Јунајтед ќе добие дупло поголема плата, односно ќе заработува 12.000.000 евра по сезона.

dobivaj vesti na viber

Со заминувањето на Касемиро, се растури моќното трио на Реал на средината од теренот. Касемиро беше незаменлив заедно со Тони Крос и Лука Модриќ.

Бразилецот утрово на социјалните мрежи потврди дека го напушта Реал Мадрид по девет години.

„Во Реал Мадрид ја живеев најубавата можна приказна што можев да ја замислам. Се надевам дека еден ден ќе се вратам затоа што ова ќе биде мојот дом засекогаш. Ниту за милион животи не би можел да му се оддолжам на Реал Мадрид за се што ми дадоа. Засекогаш …Хала Мадрид“, напиша Касемиро.

Брзиелецот во текот на денот ќе пристигне во Манчестер, по лекарските прегледи ќе го потпише договор на четири години.

 

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина