Утрински Весник
Свет

„Бев во сексуална криза“ – католички свештеник од Малта потрошил 150.000 евра на порно сајтови

Католички свештеник обвинет за проневера на вкупно 500.000 евра донации, потрошил 150.000 евра на порнографски сајтови, објавија медиумите во Малта.

dobivaj vesti na viber

Обвинителите успеаја да откријат шестцифрени суми платени на компании поврзани со страници кои прикажуваат секс во живо, пишува Times of Malta. Уплатите траеле неколку години.

Свештеникот Лук Сегуна им рекол на полициските инспектори дека тоа го направил затоа што бил во „сексуална криза“, пишува весникот.

Сегуна, парохиски свештеник на југот на Малта, се изјасни за невин, но црковните власти го суспендираа до крајот на постапката.

Пред судот беа изнесени докази дека Сегуна имал неколку стотици илјади евра на неколку лични банкарски сметки, иако неговата годишна плата била само 20.000 евра. Освен пари, поседувал и колекција од пет мотоцикли и два автомобили.

Обвинителите изнесоа и информации дека Сегуна добил чекови од неколку илјади евра од постар парохијанец. Старецот, кој во меѓувреме починал, боледувал од деменција кога ги напишал чековите, соопштија на судот.

Сегуна се правдал дека чековите се всушност враќање на донации кои свештеникот му ги дал на старецот, но обвинителите тврдат дека тие всушност требало да бидат поделени на локалните хуманитарни здруженија.

Можете да прочитате

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија